Европската комисија сака да ја ограничи цената на рускиот гас

Најавените предлози на Европската комисија против растот на цените на енергијата ќе имаат цел да ги ограничат цените на гасот кој Русија го испорачува во Европа преки гасоводите и ќе вклучува помош на производителите на струја кои имаат проблеми со ликвидноста, изјави во понеделникот претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен.

Брисел подготвува мерки за заштита на граѓаните и индустријата од сѐ повисоките цени на гасот на европскиот пазар и на струјата, кои предизвикуваа економски потреси и сѐ повеќе протести и смени на владите во Европската унија.

Фон дер Лејен во твит напиша дека ќе предлозите ќе имаат цел да ги ограничат цените на рускиот гас кој се испраќа преки гасоводите., ограничувањето на побарувачката на струја и користењето на приходите на енергетските компании за помош на ранливите потрошувачи и претпријатија.

Меѓутоа, цените на гасот во Европа започнаа да се искачуваат на рекордните нивоа уште ланската есен и во услови на полни испораки на гасот од Русија, делумно и затоа што со третиот енергетски пакет на ЕУ гасот се купува преку посредници а Брисел на своите членки им препорачуваше да не потпишуваат со „Газпром“ долгорочни договори по повластени цени од по неколку стотици долари за илјада метри кубни. Самото станување на гасот на берзанска сировина, исто така, влијае врз цените растот на гасот.

Италијанскиот премиер на заминување Марио Драги предложи претходно државите членки на ЕУ да договорат ограничување на цената на гасот кој го увезуваат од Русија. Германија, меѓутоа, никогаш не ја објави цената по којашто го набавуваше рускиот гас, кој потоа им го проследуваше по друга цена на земјите сојузнички во блокот

Некои земји членки, меѓутоа, не се наклонети на предлозите од Брисел, стравувајќи дека Русија како одмазда, како и во случајот со намерата на Г7 да ја ограничи цената на нејзината нафта, сосема да ги прекине испораките на гас, велат европски дипломати.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, од своја страна рече во понеделникот дека ќе го поддржи таквиот предлог.

Цените на нафтата во Европа во понеделникот се катапултираа за 35 отсто повисока цена отколку во петокот до нивото од 2.917 долари за илјада кубни метри или на 281 евро за мегават час, откако руски „Газпром“ соопшти дека поради дефект на единствената исправна гасна турбина на гасоводот Северен тек 1 на неодредено време го затвора протокот на гасот,.

ЕУ, којашто на Русија последните осум години и наметна сеопфатни санкции без преседан во историјата поради војната во Украина, ја обвинува Москва дека енергенсите како оружје. Русија одговара дека станува збор за технички проблеми, предизвикани од санкциите на Западот против нејзиниот енергетски, технолошки и финансиски сектор.

„Путин ја користи енергијата како оружје намалувајќи со снабдувањето и манипулирајќи со нашите енергетски пазари. Нема да успее. Европа ќе победи“, пишува фон дер Лејен.

Претседателката на ЕК притоа не споменува дека токму Унијата од почетокот на руската инвазија во Украина инсистира Европа да ги намали набавките на енергенси од Русија и да најде нови правци на набавки.,

ЕК планира и помош за произведувачите на струја кои имаат проблеми со ликвидноста, додава фон дер Лејен.

Комисијата ќе разговара за своите почетни идеи со претставниците на земјите членки на ЕУ во среда, пред итниот состанок на министрите за енергетика во петок на кој ќе бидат разгледувани различни опции. Фон дер Лејен предлозите ќе ги изнесе во говор најавен за 14-ти септември.