Зоран Заев, премиерот на Македонија во изјава за „Дојче веле“ вели дека Македонија е лидер на Балканот и кога ќе биде подготвена Европската унија да ни се јави. На таа изјава пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски само додава:
На 223-305
-Кога (ЕУ, н.з.) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Македонија“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.