Европски ден на претприемачот

лно и локално ниво се темелат на стратешки и плански приод со единствена цел – достигнување на конкурентска положба на нашето стопанство која ќе овозможи негово рамноправно натпреварување на глобалниот пазар, со што значително ќе се унапреди животниот стил и стандард на граѓаните во  градот Скопје и во Република Македонија. Имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија, посебно во услови на економска криза и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија.Градот Скопје покрај поддршката на манифестациите од ваков вид, дава поддршка и во реализацијата на проектните активности на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации кои се наоѓаат на територијата на Град Скопје, а кои се составен дел на секторот МСП- истакна во освоето обраќање пред присутните на Конференцијата градоначалникот Трајановски.

Den an pretpriemaci 2015 (3)

По повод јубилејот, организаторите на овој настан (Град Скопје, Министерството за економија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ, ЕБА – Европска бизнис асоцијација, МРФП -Македонската развојна фондација за претпријатија, БСЦ- машински факултет,со поддршка на Делегацијата на Европската Комисија), организираа повеќе сесии посветени на развојот на претриемништвото во РМ на кои ќе земат учество претставници на Владата на РМ, претставници на меѓународните институции во РМ и претстваници на македонската бизнис заедница. Во фокусот на овие настани ќе бидат регионалниот развој на претприемништвото, старт-ап компаниите, женското и социјално претприемништво и сл.