Европски кошаркарски великани влегуваат во „Куќата на славните“

На церемонијата која традиционално се одржува во Спрингфилд денеска официјално ќе бидат промовирани новите „жители“ во „Куќата на славните“. Три од нив ќе бидат европските кошаркарски легенди, Пао Гасол, Дирк Новицки и Тони Паркер.

Шпанецот, Германецот и Французинот оставија голема трага во НБА лигата, освојувајќи седум трофеи со Лос Анџелес Лејкерс, Далас Маверикс и Сан Антонио Спарс.

Најмногу од нив, четири, му припаѓаат на францускиот плејмејкер кој ја предводеше ерата на тимот од Тексас под водство на Грег Попович кој воедно и самиот ќе влезе во „Куќата на славните“. Покрај нив тука е и легендата на Мајами Хит, Двејн Вејд, како и менторката Беки Хемонд.