Европски парламент: Севернокорејските војници во војната во Украина се интернационализација на војната

Na snímke prezidentka SR Zuzana Èaputová (v pozadí) vystupuje s príhovorom pred poslancami Európskeho parlamentu v Štrasburgu v stredu 19. októbra 2022. FOTO TASR - Jaroslav Novák *** Local Caption *** pracovná návšteva príhovor plénum prejav europoslanci

Вклучувањето на севернокорејските војници во руската инвазија во Украина ја интернационализира таа војна и затоа Европската унија мора да одговори со продолжување на силната поддршка за Киев, изјавија во вторникот членовите на Европскиот парламент.

Во вторникот европратениците разговараа за ситуацијата во Украина и воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја, а во четврток ќе ја потврдат силната поддршка за таа земја со гласање за резолуција на оваа тема.

Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока, член на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, кој се смета за проруски поради одлуките на неговата влада да ја замрзне помошта за Украина, рече дека Советот „го осудува руското бомбардирање на клучната и цивилна инфраструктура“.

„ЕУ и нејзините членки ќе ја интензивираат помошта за Украина за отпорноста на нејзиниот енергетски сектор во текот на зимата“, рече Бока, министер на земјата која претседава со ЕУ до крајот на годината.

Бока рече дека Русија продолжува да ја „ескалира војната“, за што сведочи влегувањето на севернокорејските трупи во конфликтот. Минатата седмица, Пентагон објави проценка, без да наведе никаков доказ, дека наводно околу 11.000 војници од таа азиска комунистичка диктатура пристигнале во Русија.

„Ова претставува интернационализација на конфликтот, кршење на меѓународното право и резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации“, продолжи Унгарецот, заклучувајќи дека Украина „ќе остане на врвот на нашата политичка агенда и дипломатските напори“.

Комесарот за правда на Европската комисија, Дидие Рејндерс изјави дека ЕУ и нејзините членки досега и помогнале на Украина со повеќе од 124 милијарди евра. „ЕУ ќе продолжи да помага, а континентот ја гради и својата безбедност бидејќи ги зајакнува капацитетите за производство на оружје, нагласи Белгиецот.

Рејндерс предупреди дека сегашното ниво на помош не е доволно за да се промени ситуацијата на бојното поле во полза на Украина, бидејќи Русија ја ориентирала целата своја економија на воена, „додека ѝ помагаат Северна Кореја и Иран и значително од Кина.

Москва ниту го демантираше, ниту директно го потврди присуството на севернокорејски војници. Пјонгјанг првично исто така ги негираше тврдењата, но подоцна ја бранеше замислата за испраќање своја војска на територијата на Русија, посочувајќи дека тоа е во согласност со меѓународното право врз основа на билатералните договори меѓу двете земји и во согласнот со членот 51 од Повелбата на ОН..

Европратениците во дебатата нагласија дека „вклучувањето на Пјонгјанг ја промени војната“. Некои од нив рекоа дека Русија „мора да ја изгуби својата последна империјалистичка војна“ и дека „духот на Чембрлен“ не смее да се повтори, мислејќи на британскиот премиер во времето на подемот на Адолф Хитлер, кој беше критикуван за попустливост на нацистички диктатор. Европратениците веруваат дека „вклучувањето на севернокорејските трупи е показател за слабоста на Русија и нагласија дека Путин го разбира само јазикот на силата“.

Екстремно десничарските и левичарските пратеници споделија идентичен став за неопходноста од прекин на помошта за Украина со цел да се запре понатамошната ескалација на конфликтот. Останатите европратеници одговорија дека го шират наративот на рускиот претседател Владимир Путин за „третата светска војна“ што тој ја користи за да ја принуди Украина на отстапки. Некои од нив, како пратеникот на Алтернатива за Германија, Петр Бистрон, беа директно критикувани дека се на платниот список на Кремљ. Тој е обвинет дека примил 20.000 евра од луѓе поврзани со Путин, поради што полицијата во март ги пребарала неговите канцеларии.