Неколку европски земји работат на воспоставување зедничка дипломатска мисија во Авганистан, којашто би им овозможила на нивните амбасадори да се вратат во земјата од која се повлекоа во август, информираше во саботата францускиот претедател Емануел Макрон.
Западните земји настојуваат да осмислат како да воспостават однос со талибаните кои ја преземаа власта во Авганистан откако САД и НАТО ги повлекоа своите војски по двоецениската војна во оваа земја. Западните земји ги затворија своите амбасади и ги повлекоа дипломатите кога талибаните на 15-ти август влегоа во Кабул, по што радикалното исламистичко движење прогласи привремена влада чии водечки личности се под американски и санкции на Обединетите нации.
„Размислување за орагнизација меѓу неколку еропски земји… заедничка логација за неколку Европејци, што би им овозможило на амбасадорите да бидат присутни“, изјави Макрон за новинарите во катарска Доха пред да отпатува во Џеда во Саудиска Арабија.
САД, водечките запаедноевропски земји и други немаат волја формално да ја признаат талибанската влада во која доминираат Паштуните иако ги вооружуваа и дефакто ги организираа во периодот на советската инавазија во Авганистан во 1980-те години, обвинувајќи ги дека се повлекле во ветената „политичка и етничка инклузивност“ и поддржувањето на правата на жените и малцинствата.
„Станува збор за поинаков начин отколку што е политичкото признавање или политичкиот дијалог со талибаните…, ќе имаме претставиштво штим успееме да го отвориме“, изјави Макрон додавајќи дека е потребно да се испеглаат безбедносните прашања.
Во соопштението кое следеше по преговорите со талибаните минатата седмица, Европската унија навести дека наскоро би можела да отвори своја мисија во Кабул.
„Делегацијата на ЕУ ја истакна можноста за воспоставување минимално присуство во Кабул, која не би барала признавање, и директно би зависела од безбедносната ситуација, како и од ефикасните одлуку дефакто валстите да ѝ дозволат на ЕУ да обезбедни соодветна заштита на својот персонал и просториите“, беше наведено во соопштението.
Франција засебно во петокот објави дека спровела евакуација на својата дипломатска мисија од Авганистан со помош на Катар и тако изнела од земјата 300 луѓе, меѓу кои најбројни се Авганистанците кои соработувале со дипломатите и со француските сили во земјата.