Европскиот парламент денеска ја разреши осомничената за корупција Ева Каили од функцијата потпретседателка на Парламентот.
За предвремено прекинување на мандатот на грчкат пратеничка гласаа 625 пратеници, еден беше против, а двајца беа воздржани.
За смена на Каили од функцијата на еден од 14-те потпретседатели на ЕП, потребни беа гласовите на две третини од европратениците.
Каили беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија во текот на викендот поради наводите дека Катар им дал пари и подароци за да влијае врз одлучувањето.
Тие утре треба да се појават пред судот.
Каили ги отфрли обвинувањата, како и Катар.