Kомитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ги повика земјите и институциите на ЕУ да побараат издавање на потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС), за апсење на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Институциите на ЕУ и земјите-членки се повикани да ги преземат сите неопходни чекори на меѓународно ниво за да овозможат гонење на белоруските политички и воени лидери одговорни за „злосторства против човештвото и геноцид“, објави N1.
Комитетот денеска го одобри извештајот за ситуацијата во Белорусија, во кој се наведува дека „Пратениците на Европскиот парламент со голема загриженост ја следат очигледната политичка, економска, воена и културна подреденост на Белорусија кон Москва, правејќи ја земјата де факто сателит држава која има и тактичко нуклеарно оружје под руска команда“.
извор : N1.rs