Европскиот парламент бара од Србија да ѝ воведе санкции на Русија поради нејзината воена операција во Украина која Брисел ја означува како агресија, и јасно да се определи дали сака во Европската унија или не, стои во документот кој во средата го објави српската национална телевизија.
Покрај претходно забелешките за владеењето на правото и нормализација на односите со Приштина, во извештајот за напредокот на Србија се наведува дека „усогласеноста со надворешна политика на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, ќе го одреди натамошниот тек на пристапните преговори“.
Во текстот, за кој е постигнат договорот на водечките политички групи во Европскиот парламент, се истакнува дека „потребата од усогласување на Србија со ставовите на ЕУ кон војната во Украина, владеењето на правото, борбата против корупција и медиумските слободи“.
Европарламентарците истакнуваат дека го поддржуваат членството на Србија во ЕУ, но тоа да зависи од политичката волја на српските власти и подготвеноста на „неповратни реформи, пред сѐ во владеењето на правото“.
Европратениците бараат „итно воведување санкции“ против Русија, изразувајќи загриженост од тоа што Србија е „меѓу ретките земји во Европа којашто не се усогласи со позицијата на ЕУ“ и дека според тоа е „на последното место во регионот“ според усогласеноста со ЕУ.
„Се залагаме новите преговарачки поглавја да бидат отворени дури кога Србија ќе ги преземе потребните мерки во тој поглед, вклучително и областа на владеењето на правото“, се наведува во цитираниот извештај.
Се додава и дека Европската парламент „жали поради континуираните летови меѓу Белград и Москва“ во време кога воздушниот простор на ЕУ е затворен за летови од Русија.
Европратениците ја повикуваат Србија да ја преиспита својата економска соработка со Русија и да ја прекине воената соработка со Москва, вклучително и проектите каков што е рускиот хуманитарен центар во Ниш, кои САД и ЕУ го критикуваат како наводен директен руски стратешки проект во Србија.
Европратениците се загрижени и поради купувањето воена опрема од Русија, Белорусија и Кина, наведувајќи дека на нив отпаѓа 70 отсто вкупно од набавките во Србија.
Во извештајот се споменува и загриженоста поради наводно прислушување на наводен челник на руска опозиција во Белград, обвинувања кои српските функционери ги отфрлија како неосновани.
Во текстот се критикува и наводното „ширење дезинформации за руската агресија врз Украина, вклучително ангажманот на медиумите блиски на владата“, па српските власти се повикуваат да преземат „решителни чекори во борбата против најприсутните лажни вести“.
За извештајот ќе се гласа на седницата на Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент на 14-ти јуни, а би требало да биде усвоен на пленарна седмица во ЕИ во јуни, се наведува во извештајот на РТС.