Европскиот парламент го забрани влезот на лобистите „Amazon“

Европскиот парламент во средата објави дека одлучил до дополнително известување да ги укине беџовите за пристап на лобистите на американската онлајн продавница „Amazon.com“.

„Четиринаесет беџови за долгорочен пристап за претставниците на Amazon ќе бидат отповикани и нема да се издаваат нови беџеви за пристап до дополнително известување“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Европсиот парламент одлучил да ги отповика беџовите „поради постојаното одбивање на Amazon да учествува во дискусиите за работните услови и основните права на работниците во магацините на компанијата низ Европа“, се додава.

Интернет порталот EUobserver објави дека забраната ја побарале шефовите на парламентарните фракции на социјалистите и демократите, Зелените, левицата и партијата „Обнови ја Европа“, а иницијативата ја поддржале 30 граѓански организации и синдикати во краток временски период.

Одлуката за блокирање на пристапот ја донеле „квесторите“, интерно тело за административни и финансиски прашања на европратениците, а може да се промени „доколку Amazon покаже дека е подготвен да соработува, особено на барање на комисијата за вработување“, го цитира EUobserver претседателот на комитетот Драга Пислару од „Обнови ја Европа“.

Најголемата глобална онлајн-продавница „Amazon.com“ има регистрирано 14 лобисти во Европскиот парламент.

Пратениците побараа помош од „квесторите“ и во 2017 година, изборувајќи забрана за влез на Европскиот парламент за лобистите на американската компанија „Monsanto“, откако компанијата ја игнорираше поканата на Комисијата за земјоделство и животна средина да разговара за хербицидот глифосат, потсетува EUobserver.