Европскиот парламент во вторникот ја поддржа спорната директива за авторските права на интернет просторот, по месеците силни лобирања и жестоки дебати на медиумските работници и уметниците, поборниците на слободите на интернетот и технолошките гиганти.
Пратениците по две и пол години преговори, контроверзната директива за авторските права на единствениот дигителен пазар на ЕУ ја поддржаа со 348 гласови „за“, 274 „против“ и 36 воздржани во последната можноста да ја усвојат пред мајските избори за Европскиот парламент.
Поборниците на реформите сметаат дека технолошките гиганти мора да ја преземат одговорноста за содржините од коишто профитираат без праведна поделба на заработката со авторите, додека противниците сметаат дека новите регулации само ќе ја пренесат штетата врз корисниците на коишто ќе им биде цензурирано поставувањето на содржините. Очекувано, и двете страни се обвинуваат за застапување исклучиво на финансиските интереси.
Целта на новиот закон е да се прилагоди европското законодавство на ерата на дигиталната револуција. Сегашниот закон за авторските права во ЕУ датира од 2001 година, кога технолошките гиганти како Google и Facebook немаа толкаво влијание врз општествата како денес.
Реформата имаше поддршка од мејнстрим медиумите и уметниците како Пол Маккартни кои сакаат распределба на заработките за што сметаат дека премногу останува во рацете на платформите коишто ја користат нивната содржина, а на спротивната страна стоеја технолошките гиганти како Google и Facebook кои со споделување на содржината добиваат приходи од рекламата, и поборниците на послободниот интернет, како на пример основачот на Wikipedia, Џими Велс, европските пиратски партии, како и специјалниот известувач на Обединетите нации за слободата на говорот Дејвид Кеј, кои стравуваат дека со мерката да се дојде до ограничување на онлајн активностите.
„Денес повеќето заработки одат за американските интернет гиганти. Влоговите се високи за медиумите, уметниците, демократијата и културата“, порачаа минатата седмица 267 претставници европските медиуми.
Во саботата ширум Европа беа одржани протести на повикот на групацијата „Да го спасиме интернетот“ која со месеци наназад повикува на одбрана на „слободната размена на мислењата на интернет“. Во Германија, која е центарот на отпорот против новиот закон, на улиците на градовите излегоа неколку десетици илјади луѓе. Германската, чешката, словачка и данската верзија на Wikipedia минатиот четвртокот беа недостапни 24 часа во знак на протест.
Спорните членови од директивата
Резолуцијата, чиј изветувач Аксел Вос од Европската народна партија (EPP) е ставен под полициска заштите поради смртни закани според оваа политичка групација, минала интензивни промени откако Европската комисија претстави во септември 2016 година. Европскиот парламент првпат ја отфрли во јули 2018 година, а потоа ја профати со измените подоцна истиот месец. Документот во конечната верзија од текстот е постигнат меѓу Парламентот и Советот во февруари годинава, а Комисијата за правни прашања на 26-ти февруари ги поддржа компромисот за кој се гласаше во вторникот.
Противниците на законот најмногу критикуваат два негови члена. Најспорниот е члениот 13, чијашто цел е да се зајакне преговарачката позиција на креаторите на содржините и сопствениците на авторските права како што се композиторите, новинарите и уметниците, во однос на платформите како што се YouTube и Tumblr кои ги користат нивните дела. Отсега овие платформи би требало да бидат одговори за содржината којашто ќе треба да биде споделена во согласност со авторските права.
Наједноставниот начин за филтрирање на содржините е употребата на автоматските алгоритамски фултери, па поборниците на слободата на интернетот сметаат дека со тоа ќе се создаде простор за еден вид цензура. Критичарите тврдат дека таквите „роботи“ задолжени за селектирање на содржините, исто така, нема да бидат способни да ја препознаваат пародијата и карикатурата, како и дека без причина ќе блокираат низа објави како што се популарните ткн мемови.
Во финалниот текст од директивата, пренесувањето на делата за критика, осврт, илустрација, карикатура, пародија … е заштитен, со што се осигурува дека мемовите и ткн GIF-ови, содржина која се темели на туѓи дела, и натаму ќе бидат достапни и споделиви на интернетските платформи.
„Доколку физичко лице на дигитален, некомерцијален и сразмерен начин користи куси извадоци или куси буквални цитати од дела или друга содржина во создавањето на ново дело коешто потоа ќе се вчита, со цел – критика, осврт, илустрација, карикатура, пародија или пастиш, државите членки може да предвидат исклучок или ограничување на правата од членоивите 2 и 3 од Директивата“, се наведува во изменетиот текст, иако неговите противници предупредуваат дека и покрај оваа промена на големите платформи ќе им биде полесно да ги блокираат содржините од предострожност, отколку да ризикуваат можните казни.
Во текстот, исто така, се наведува дека автоматски ќе биде изземен преносот на трудови на онлајн енциклопедиите на некомерцијален начин, како во случајот на Wikipedia.
„Дефеницијата на давателот на услугите за размена на интернетската содржина во согласност со оваа Директива не ги опфаќа давателите на услугите кои дејствуваат во некомерцијални цели, на пример за потребите на интернет енциклопедиите, како и давателите на интернетски услуги во кои содржината е вчитана со одобрувања на сите носители на правата“, се додава.
Истовремено, во обидот да се поттикнат стартапите и иновациите, текстот сега ги иззима малите и микро платформите од директивата која таквите претпријатија ги дефинира како оние кои имаат помалку од 10 вработени и чијшто годишен приход е помал од 2 милиона евра, а за јавноста се достапни помалку од 3 години.
Текстот содржи и одредби со коишто треба да се обезбеди почитување на законот за авторски права без неправедно попречување на слободата на изразувањето на интернет. „Правата на издавачите на информативниет публикации треба да се применуваат без да се доведува во прашање правата на поединци на репродукциите, комуникацијата или објавувањето на поврзници или исечоци од информативните публикации за приватна употреба и во непрофитни, некомерцијални цели“, се додава во текстот. Со тоа споделувањето на линковите со написите, заедно со сопствените проследувачки коментари за нивниот опис, би требало да остане слободно од ограничувањето за заштитата на авторските права.
Интернетските платформи, исто така, ќе мора да воспостават брзи системи за исправка преку кои може да се поднесат поплаки кога одредена содржина погрешно ќе биде отстранета.
Вториот спорен дел од Директивата е член на 11 кој се однесува создавање на таканареченото „сродно авторско право“ за медиумските куќи. Со него се бара медиумите подобро да плаќаат за споделување на нивната содржина кој генерира заработка од реклами на платформите како Google News и социјалните мрежи како Facebook.
Германската европратеничка Јулија Реда, единстената претставничка на „пиратите“ во Европскиот парламент, предупредува дека со тоа за „поедини зборови или кратки исечоци“ од медиумската содржина ќе биде потребна дозвола, додавајќи дека тоа ќе зависи и од идната интерпретација на судовите за тоа што значи „кусо“. Дотога, смета таа, слободата на поставувањата на хиперлинковите ќе биде правно нејасно.
Поборниците на споменатиот член тврдат дека со него авторите на оригиналната содржина на којашто се темелат нејзините репродукции на други платформи ќе бидат за тоа праведно платени.
Истражувањата на комисијата во 2016 година покажале дека 57 од корисниците на интернет простапуваат до новинските написи преку социјалните мрежи, серцисите за собирање информации или пребарувачите, од што 47 отсто ги прочитуваат кусите верзии кои ги подготвиле овие веб-локации, а без да кликнат на нив.