Европскиот парламент верува во победата на Украина

Европскиот парламент се солидаризира со украинскиот народ во неговата храбра борба против руската агресија и верува во победата на Украина, која е важна за безбедноста и стабилноста на цела Европа, беше речено во четвртокот на онлајн семинарот на Европскиот парламент по повод првата годишнина од војната, откако беше отфрлен предлогот на пратениците од левите опции да се повика на мир во Украина.

Резолуциите на Европскиот парламент за прашања од надворешната политика не се правно обврзувачки, но другите европски институции треба да го земат предвид мислењето на европратениците.

„Ова е многу, многу тажна годишнина што доаѓа на 24 февруари, една година откако отворената војна се врати во Европа. Ова не е само воена агресија на Руската Федерација против Украина, ова е суров, злобен напад врз целата безбедносна архитектура“, рече претседателот на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер герпанскиот претставник од ЕПП.

„Затоа е важно да покажеме солидарност со украинскиот народ, да ја поддржуваме земјата, да продолжиме да ѝ пружаме помош и да ја зголемиме во економска, финансиска и хуманитарна смисла, а исто така и воено, бидејќи многу е влог“, додаде Мекалистер.

Доаде дека Европскиот парламент ги поддржува сите активности на земјите-членки и на Европската комисија во обезбедувањето помош за Украина, па дури и беше движечка сила во некои од нив. Како пример, посочи дека Парламентот „силно верува во европската перспектива на Украина и бара преговорите за пристапување во ЕУ со Украина да започнат веќе оваа година“ но „доколку таа ги исполни условите“.

Парламентот, исто така, во новата резолуција усвоена во четвртокот, повикува на формирање на специјален суд за воени злосторства наводно „извршени во Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин и неговото воено раководство“. Тој, исто така, бара да се изнесат конкретни предлози за користење замрзнати руски средства за обнова на Украина и за воведување санкции против сите поединци и компании кои сè уште имаат бизнис со Русија, рече Мекалистер, иако правно-финансиските експерти предупредија дека тоа е невозможно според важечките меѓународни закони и прописи.

Претседателката на Поткомитетот за безбедност и одбрана, Французинктата Натали Лоазо од Обновување, истакна дека Европскиот парламент „верува во победата на Украина“.

„Нам во Европскиот парламент ни е кристално јасно дека мирот ќе дојде со победа на Украина. Украина мора да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет и за тоа нема алтернатива. Украина мора да победи за нас во Европската унија, за нашата безбедност и стабилност“, уверуваше Лоазо.

„Затоа ние силно го поддржуваме обезбедувањето воена помош за Украина од самиот почеток на војната“, рече таа, посочувајќи дека преку Европскиот инструмент за воена помош веќе се доделени повеќе од три милијарди евра за воена помош за Украина, како и дека до крајот на зимата над 15.000 украински војници ќе поминат обука во земјите-членки на ЕУ за што Москва повеќепати предупреди дека претставува директно вклучување на тие земји во војната.

Лоазо ги повика земјите-членки на ЕУ „побрзо да донесат одлуки и да не се двоумат“ да испратат воена помош во Киев, предупредувајќи дека „секое одложување“ во Украина „се плаќа со човечки животи“.

 

Украина ѝ предлага на ЕУ инструмент за поголемо производство на муниција

Украинскиот амбасадор во ЕУ, Всеволод Ченцов, ѝ се заблагодари на Европската унија за огромната помош, нагласувајќи дека војната во Украина е „борба за демократија и заедничките вредности“.

„Европската унија направи многу со воспоставување нови инструменти, конфискација на руски имот, притисоци со санкции“, рече амбасадорот  изразувајќи надеж дека наскоро ќе биде усвоен 10-тиот пакет санкции, кој според него треба да го вклучи и нуклеарниот сектор, а за кој претходно во четвртокот немаше согласност меѓу сите 28 земји членки.

Амбасадорот повика на нови решенија за подобро снабдување на Украина со муниција и оружје, велејќи дека Киев ја поддржува естонската идеја за воспоставување посебен финансиски инструмент за забрзување на производството на муниција, особено гранати од 155 милиметри, за што се потребни неколку милијарди евра.

На Украина ѝ е потребна помош за обнова на својата енергетска инфраструктура, како и поголема хуманитарна помош, рече Ченцов. Изрази и надеж дека преговорите за испраќање борбени авиони и ракети со долг дострел во Киев наскоро ќе дадат резултати, како во случајот со тенковите.

„Некои рекоа пред една година дека Украина ќе падне за три дена, за една седмица. На прашањето колку ќе трае Украина, можам да кажам дека Украина ќе опстане. Друг избор нема“, заклучи амбасадорот.

 

Историска пресвртница

На прашањето што променила војната во Украина за Европската унија, Мекалистер посочи дека земјите-членки покажале „големо единство, како и единство со сојузниците САД, Велика Британија и Канада“.

Досега се воведени девет пакети санкции против Русија, а земјите-членки и ЕУ досега издвоиле вкупно речиси 50 милијарди евра за помош на Украина, нагласи Германецот.

Оцени дека војната е голема историска пресвртница за Европа, „Zeitenwende“, како што рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шведска и Финска наскоро ќе влезат во НАТО, Данска ќе се приклучи на европската соработка во областа на одбраната, а земјите-членки на ЕУ и НАТО ветија дека конечно ќе издвојат два отсто од БДП за одбраната, рече тој.

„Европската унија е мировен проект, од една страна, и економски, од друга страна. Тоа беа нашите основи, но таа продолжува да се развива. Иднината на Европската унија ја гледам како вистинска безбедносна и одбранбена унија. Мора да направиме повеќе за нашата безбедност и одбрана, но и во тесна соработка со НАТО, бидејќи НАТО е темелот на нашата безбедност“, рече Мекалистер.

Лоазо, пак, оцени дека војната го означила крајот на „европската наивност и илузии“.

„Сметавме дека сме ‘мека сила’, отворено општество, колку повеќе врски имаме со остатокот од светот, толку подобро за нас, за мирот и стабилноста. Сега разбираме дека светот се менува, дека низа авторитарни режими го загрозуваат светскиот поредок и Европската унија. Навистина разбираме колку е важна одбраната и дека треба да станеме ‘тврда моќ’, а не само ‘мека моќ’“, рече Французинката.

„Сфаќаме колку зависевме од трети земји за нашиот економски раст, од руските нафта и гас. Сега сфаќаме дека тоа беше слабост и дека некои режими како Русија го користат за да се обидат да нѐ ослабат. Во однос на суверенитетот и наметливоста, се случи голема промена во Европската унија“, рече Лоазо.

Посочи дека „трансатлантската соработка е суштинска за победата на Украина“, но и дека Европската унија мора да ги развие своите одбранбени капацитети за да може да преземе одговорност, а не да зависи само од добрата волја на трансатлантските партнери.

Во врска со обновата на Украина по војната доколку победи Киев, Мекалистер рече дека реконструкцијата треба да се искористи како можност Украина да стане „модерна, конкурентна и одржлива економија, да спроведе реформи“ за да може еден ден да стане членка на Европската унија. .

Се осврна и на Молдавија, за којашто рече дека исто така била наводно цел на „руски уцени, закани и провокации“, велејќи дека Европската унија треба да продолжи да ѝ помага и да ја зајакне својата отпорност, потсетувајќи дека оваа земја заедно со Украина доби статус на кандидат за Членството во ЕУ минатата година, но не го спомена статусот на тамошната голема руска и рускојазична заедница.

 

Одбиен амандманот да се испрати повик за мир во Украина

Следејќи ги претходните изјави и настапи на европратениците, беше очекувано дека ќе биде одбиен предлогот резолуцијата по повод годишнината од почетокот на војната во Украина да се дополни со апелот за постигнување мир.

„Европскиот парламент ја нагласува потребата од итни, интензивни и одржливи дипломатски напори за веднаш да се стави крај на војната во Украина и страдањето на украинскиот народ“, се вели во еден од амандманите што ги поднесе во текот на гласањето на пленарната седница пратеничката група на Левите парти во Европскиот парламент.

Со друга, исто така, одбиена иницијатива се предлагаше да се измени „воинствениот“ осми член од резолуцијата во кој се потенцира дека „главната цел“ е „победата над Русија и бркање на сите нејзини сили од меѓународно признатата територија на Украина“, како и што наведуваат поднесувачите на резолуцијата амандманот предложија текст дека таквите напори може да се разрешат „само преку континуирано, стабилно и постојано зголемување на испораките на сите видови оружје без исклучок“ за Украина.

Левата групација предложи целосно да се промени овој дел од резолуцијата и да се посочи нова цел на Европската унија.

„Да се обезбеди мир во Украина. Европскиот парламент на повикува Европската унија и нејзините земји-членки да ги засилат своите напори за да осигури прекин на огнот и мировни преговори и ги повикува да ја поддржат мировната иницијатива предложена од бразилскиот претседател Лула да Силва, да се искористат меѓународните посреднички напори како начин за ставање крај на војната“, се вели во амандманот кој го отфрли мнозинството европратеници.

Станува збор за иницијативата на бразилскиот претседател Луис Ингасио Лула да Силва од крајот на јануари кој предложи група земји да седнат на преговарачката маса за да дискутираат за начините на постигнување мир меѓу Русија и Украина. Оваа идеја Лула да Силва им ја предочи директно на челниците на Франција, Германија и на САД, а според бразилскиот челник и Кина може да даде голем придонес во остварување на таквата иницијатива. Но западните земји досега не одговорија директно на апелот на бразилскиот претседател.

Европратениците, исто така, го отфрлија и амандманот во нацрт-резолуцијата, кој се однесува на загриженоста дека украинската војна да ескалира во војна меѓу нуклеарните сили. Соодветниот амандман на преамбулата на нацрт-резолуцијата беше предложен од претставниците на Левата група на ЕП.

„Луѓето ширум Европа се длабоко загрижени за војна која потенцијално може да доведе до војна меѓу нуклеарните сили“, се вели во текстот на амандманот, кој европратениците одбија да го направат во конечната верзија на документот.

 

Економија и енергија

Во вториот дел од седницата, потпретседателката на Комитетот за буџет, Маргарида Маркес, коалицијата на пратеничката група на Социјалистите и демократите  (&D, PT) и претседателот на Комитетот за индустрија, истражување и енергија Кристијан-Силвиу Бусои на конзервативците и народните партии (EPP, РО) зборуваа за влијанието на војната во Украина за европската економија и енергетската политика.

Маркес рече дека ЕУ, освен што ѝ помага на Украина, мора и да ги ублажи последиците од војната за европската економија и граѓаните и дека мора да им помогне на трети земји, како што се земјите во Африка кои се погодени од последиците од руските санкции во вид на поскапување на храната.

Но Маркес не спомена дека најголемиот дел, над 80 отсто, од житарките извезувани според трилатерланиот договор меѓу Москва, Киев и Анкара завршија во западните богати земји. Исто така, не го отвори прашањето за барањето на Русија нејзините товари од храна и земјоделско ѓубриво да бидат деблокирани од европските пристаништа и бесплатно да бидат испорачани во Африка и другите сиромашни земји во светот.

„Земјите-членки на ЕУ мора да ги интегрираат последиците од војната во нивните национални планови за закрепнување и отпорност усвоени за време на бранот на пандемијата на Covid-19, што значи, пред сè, да им помогнат на домаќинствата со зголемените животни трошоци“, рече Маркес.

Кога станува збор за енергетската политика, таа го истакна ткн „REPowerEU“, европскиот план за борба против енергетската сиромаштија, промовирање на обновливите извори на енергија, консолидација на енергетскиот пазар и промовирање на енергетската автономија на ЕУ, како „важен конкретен инструмент“.

Претседателот на Комитетот за индустрија, истражување и енергија Кристијан-Силвиу Бусои потсети дека ЕУ го забрани увозот на руски јаглен, сурова нафта и рафинирани нафтени деривати „со некои исклучоци“.

Увозот на руска нафта во ЕУ е намален за 90 отсто, додека увозот на руски гас е намален од 40 отсто од европската потрошувачка на почетокот на 2022 година на 9 отсто на крајот на 2022 година, според него. Сепак, не изнесе податоци дали со тоа енергетската безбедност во Унијата е осигурана, и зошто не паѓаат цените на енергенсите.

Бусои заклучи дека војната во Украина е можност Европската унија да стане независна од Русија во областа на енергетиката и да го подобри својот енергетски пазар со цел да го направи поотпорен во иднина и да им обезбеди на граѓаните и индустријата постабилни и пристапни цени додека во исто време се приближува кон постигнување на климатските цели.