Европскиот совет целосно го суспендираше договорот за визно олеснување со Русија

Европскиот совет донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија, соопшти телото. Соодветно на тоа, општите прописи на визниот законик ќе важат за руските граѓани.

Ова ќе резултира со зголемување на таксата за виза од 35 на 80 долари, на потребата од поднесување дополнителни документи како доказ, зголемување на времето за одлучување и построги правила за издавање визи за повеќекратни влезови, се вели во соопштението.
„Договорот за олеснување на визите обезбедува привилегиран пристап до граѓаните на ЕУ од доверливи партнери со кои ги споделуваме истите вредности. Со неиспровоцирана и неоправдана агресија, вклучително и нејзините неселективни напади врз цивили, Русија ја изневери таа доверба и ги згази основните вредности на нашата меѓународна заедница. Денешната одлука е директна последица на дејствијата на Русија и дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиниот народ“, изјави Вит Ракушан, министер за внатрешни работи на Чешката Република, која моментално претседава со ЕУ.

Се очекува оваа одлука да биде објавена во Службениот весник на ЕУ на 9 септември, и истиот ден да стапи во сила, а да се применува од 12 септември, се вели во соопштението на Европскиот совет.