Европскиот суд ја ослободи Германија од одговорност за напад и смрт на цивили во Авганистан

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја ослободи во вторникот Германија за одговорноста за воздушниот напад од 2009 година крај авганистански Кундуз, кога загинале најмалку сто цивили.

„Германија по нападот отворила истрага која е спроведена според сите мерила и правила“, се наведува во образложението на Европскиот суд за човекови права.

Со тоа се отфрла тужбата од Авганистанец кој во нападот од 4-ти септември 2009 година загубил два сина. Тој ги обвини германските власти дека по нападот не сториле доволно за да ги разјаснат сите околности на оваа трагедија. Барал и отштета повисока од 5.000 евра колку што Германија како „хуманитарна помош“ веќе им исплатила на семејствата на загинатите.

Со денешната пресуда во Сразбур затворена е можноста од натамошни жалба за несреќата. Германскиот Уставен суд минатата 2020 година го отфрли барањето на роднините на загинатите за исплата на повисоки отштети.

Ноќта кон 4-ти септември 2009 година талибаните во блозина на базата на германската војска во Кундуз украле две цистерни со гориво, по што полковникот на Биндесверот, Георг Клајн, стравувајќи дека талибаните цистерните може да ги употребата за напад врз упориштетот, побарал воздушен напад од американската војска.

Во нападот на американските авиони уништени се цистерните, но притоа загинале и многу цивили кои се наоѓале во близина на тоа место. Хуманитарните организации тврдат дека загинале повеќе од сто луѓе, додека официјалните бројки наведува 91 жртва. Геранските власти по нападот објавија за „50-ина убиени талибани“ без да споменуват цивилни жртви.

Нападот во Кундуз предизвика многу реакции и конфликти во самата Германија, но и во НАТО. Во екот на спорот за исправноста на одлуката на германскиот полковник, оставка поднезе демохристијанскиот политичар Франц-Јозеф Јунг, кој во време на нападот беше на должноста министер за одбрана. Него опозицијата го обвинуваше дека ја криел вистината за нападот.