![timtfffffhumb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/timtfffffhumb.jpg?resize=620%2C242&ssl=1)
Европскиот суд за човекови права ја одбрани одуката на францускиот суд за носење на мислиманскиот вел со кој се покрива лицето – бурка, пренесоа новинските агенции.
Случајот беше отпочнат од една 24 годишна жена, која се побуни дека оваа забрана за носење на бурката во јавност ги нарушила нејзината верска слобода и слбода на изразување.
Францускиот закон вели дека никој не може да носи вел на јавно место со намера да го сокрие лицето. Казната за вакво постапување е 150 евра. Законот е од 2010 година. Во Франција жиеват околу 5 милиони муслимани, тоа е најголемото муслиманско малцинство во Европа, но сепак станува збор за околу 2000 жени кои носат вел кој целосно го покрива лицето, пишува Би-Би-Си.
Судот пресуди дека забраната „не се однесува на религиска конотација на облекувањето туку стриктно на фактот дека го покрива лицето“. Судиите од Стразбур рекле дека тоа е конечна одлука, и дека нема можност да се обжали.