![Polska istopolovi brakovi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Polska-istopolovi-brakovi.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Полска го прекршила правото на почитување на приватниот живот со тоа што законски не ги признала истополовите партнерства, објави во вторникиот Еврпскиот суд за човекови права, ден откако беше сменета конзервативната влада и создавајќи притисок врз новата влада на проевропски премиер Доналд Туск брзо да го измени законот.
Десетмина Полјаци тврделе пред судот дека повеќето земји членки на Советот на Европа им овозможуваат на истополовите двојки да се венчаат или да го регистрираат партнерството и дека според тоа тие се во нерамноправна позиција во областа на оданочувањето, социјалните права и законот за семејство.
„Полската држава не ја исполнила должноста на тужителите на им обезбеди специфична правна рамка за признавање и заштита на истополовото партнерство. Тој пропуст резултирал со оневозможување на тужителите да ги регулираат фундаменталните аспекти во нивниот живот и го прекршил нивното право на почитување на приваниот и семејниот живот“, соопшти судот во Стразбур.
Пресудите на Европскиот суд за човекови права се обврзувачки за земјите членки на Советот на Европа.
Случајот датира од времето на владеење на суверенистичката конзервативна националистичка партија Право и правда (PiS), кое заврши во понеделникот вечерта откако парламентот ја потврди новата влада на Доналд Туск, поранешен премиер кој пред осум години откако ја загуби власта во Полска беше именуван за претседател на Европскиот совет.
Од Право и правда велат дека проширувањето на дефиницијата за бракот и овозможувањето на геј-двојките да посвојуваат деца претставуваат закана за традиционалното семејство и оди на штета на децата, како и дека подучувањето на ЛГБТИ темите во училиштата предвремено ги сексуализира сѐ уште незрелите деца.
Доналд Туск во кампањата најави дека неговата партија ќе воведе истополово партнерство и дека тоа прашање е приеоритетно.