Европскиот суд за човекови права ги суспендираше сите процеси поврзани со Русија

Европскиот суд за човекови права, судското тело на Советот на Европа, објави во средата дека ги суспендира сите процести поврзани со Русија, откако земјата се повлече и беше отстранета од паневропските организации.

„Содот реши да ги суспендира разгледувањата ан сите барања против Русија додека не ги разгледа правните последици на својата работа со исклучувањето на оваа држава од Советот на Европа“, изјави во соопштението судот чие седиште е во Стразбур.

Судот оваа одлука ја донесе откако Советот на Европа во средата ја исклучи Русија по 26 години членство поради нејзината воена операција во Украина.

Имајќи предвид дека станува за најголемата и најбројна земја во европскиот простор, Русија беше земјата со најмногу педмети пред Судот за човекови права, односно од 70.000 предмети на неа отпаѓале речиси четвртина.

Суспендирањето на разгледувањето на барањеата во врска со Русија е првата последица од нејзиното исклучување од Советот на Европа.