Европскиот суд за човекови права не е повеќе надлежен во Русија

epa07166800 The building of the European Court of Human Rights (ECHR) is seen ahead of the judgment regarding the case of Russian opposition leader Alexei Navalny against Russia at the court in Strasbourg, France, 15 November 2018. The case deals with the arrest of Alexei Navalny on seven occasions at different public gatherings, and his subsequent prosecution for administrative offences. EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Руската Државна Дума денеска усвои два закона со кои се укинува јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на територијата на Русија, откако Москва објави дека планира да го напушти тој суд поради конфликтот во Украина, пренесе Ројтерс.

Еден од двата закона ја укинува јурисдикцијата на ЕСЧП во Русија, а другиот го одредува 16 март како момент на раздвојување, па пресудите против Русија донесени после тој ден не можат да се спроведат, објави Ројтерс.

Министерскиот комитет на Советот на Европа одлучи да ја исфрли Русија од Европскиот суд за човекови права на 15 март, што следеше како одговор на рускиот напад врз Украина, пренесува Танјуг.