Европските берзи благо паднаа, раст на азискитe

На европските берзи се тргуваше претпазливо во вторникот претпладнето, при што индексите паднаа додека инвеститорите ги очекуваат вестите за монетарната политика кои би можеле да ги насочат пазарите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргуваењто беше во минус од 0,2 отсто, губејќи дел од вчерашните добивки. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс загуби 0,08 отсто, на 7.938 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,42 отсто, на 18.240 поени, а париски CAC 0,26 отсто, на 8.098 индексни поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи средбата на лидерите на Европската централна банка (ECB) ќе се одржи во четврток. Не се очекува намалување на каматите, но инвеститорите внимателно ќе ги следат сигналите дали на седницата во јуни е можно прво намалување на каматите за 0,25 процентни поени.

A на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот пресек од тргувањето како и во Европа порасна за 0,3 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Истовремено, индексот Nikkei на Токиската берза порасна за 1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто. Во Јужна Кореја, пак, тие паднаа за 0,5 отсто.

Најмногу претпаладнево пораснаа цените на акциите во рударскиот сектор, бидејќи по индициите за закрепнување на индустриското производство во најголемите светски економии – САД, Кина и Германија – поскапеа суровините.

Сепак, се тргува внимателно бидејќи оваа седмица ќе се одржат седниците на голем број централни банки во регионот – Јужна Кореја, Нов Зеланд, Тајланд и Филипините. Се очекува сите да ги остават каматните стапки непроменети, а можеби, има шпекулации, инвеститорите би можеле да бидат пријатно изненадени од централната банка на Јужна Кореја, која може да ги намали каматните стапки, имајќи предвид дека инфлацијата во земјата се намалува.