Европските берзи благо пораснаа

На европските берзи во вторник пртпладнето се тргуваше претпазливо додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да ги насочат пазарите, при што берзанските индекси се малку повисоки.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладневниот пресек порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,08 отсто, на 8.370 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,16 отсто, на 18.960 поени, а париски CAC зајакна за 0,09 отсто, на 7.650 поени.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот пресек како и во Европа беше во минус за 0,1 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто.

Азиските инвеститори се претпазливи бидејќи речиси сите најнови податоци покажуваат дека кинеската економија расте побавно од очекуваното на почетокот на годината, а кризата на тамошниот пазар на недвижности се уште не е завршена.

Пазарите се поддржани од верувањето на инвеститорите дека американската и европската централна банка ќе ги намалат каматните стапки овој месец, што треба да го поддржи економскиот раст. Поради ова, со нетрпение се очекуваат нови податоци од американската економија, кои би можеле да влијаат на одлуката на шефот на ФЕД дали да ги намали каматните стапки за 0,25 или 0,50 процентни поени.

Повеќето аналитичари очекуваат кратење за 0,25 процентни поени, но на овие проценки би можело значително да влијае американскиот извештај за вработување, кој ќе биде објавен во петок и ќе ја покаже состојбата на пазарот на трудот.

На Волстрит во понеделник немаше тргување поради празникот во САД, а американските фјучерси индекси моментално стагнираат, што навестува претпазливо тргување на најголемата светска берза во вторник.