Европските берзи пораснаа а азиските паднаа на почетокот од седмицата

Европските берзански индекси пораснаа во понеделникот во претпладневното тргување, враќајќи дел од минатонеделните загуби, бидејќи инвеститорите ги следеа вестите откако американскиот претседател Џо Бајден се повлече од трката за втор мандат.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции се зголеми за 0,5 отсто во претпланевнито пресек од тргувањето, откако минатата недела се лизна на најниското ниво во последните две седмици. Лондонски FTSE индекс утринава зајакна 0,50 отсто, на 8.196 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,46 отсто, на 18.255 поени, а париски CAC за 0,53 отсто, на 7.575 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус за речиси 1 отсто во истиот пресек од тргувањето како и во Европа, откако минатата седмица загуби 3 отсто. Токискиот индекс Nikkei претпладнево се лизна за 1,2 отсто, додека акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,5 и1,2 отсто. Во Хонгконг, пак, пораснаа за 1,3 отсто.

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата објави дека ќе се повлече од претседателската трка, ставајќи ја неговата земја во невидена ситуација и оставајќи го нејасно што сега треба да се случи со номинацијата на Демократската партија. Бајден ја поддржа потпретседателката Камала Харис како демократски претседателски кандидат, но големото прашање е кој всушност ќе ја добие таа кандидатура.

Иако одлуката на Бајден не е сосема неочекувана, со оглед на неговата лоша здравствена состојба, инвеститорите се во потрага по неизвесност на американската политичка сцена. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп имаше предност во анкетите пред Бајден.

„Како што водството на Трамп растеше, инвеститорите заземаа позиции на пазарот врз основа на проценките за нови трговски бариери и веројатно повисока инфлација. Некои анкети покажуваат дека на Харис му оди подобро од Бајден против Трамп, но ќе видиме што ќе се случи натаму“, пишуваат аналитичарите на „ANZ Bank“ во врска со пазарните изведби.

Поради оваа неизвесност, инвеститорите не беа особено охрабрени од неочекуваното намалување на каматните стапки од страна на кинеската централна банка за 0,10 процентни поени. На овој начин монетарните власти се обидуваат да го забрзаат растот на втората по големина светска економија, откако минатата недела беше објавено дека бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал пораснал за 4,7 отсто на годишна основа, побавно од очекуваното и побавно од претходниот квартал.

„Сите основи покажуваат дека на Кина и е потребна средина со пониски каматни стапки, имајќи предвид дека каматните стапки се покачени долго време, а ризикот од дефлација се заканува. Податоците покажуваат дека економијата не е во најдобра форма, па се чини дека властите се зафатени со обидот да ја стимулираат“, вели Гери Нг, економист во Natixis.