Европските берзи растат, во фокусот е брегзитот

На европските берзи во средата утрото цените на акциите пораснаа додека вложувачите проценуваат какви се опциите откако британскиот парламент и’ нанесе тежок пораз на премиерката Тереза Меј отфрлајќи го нејзиниот план за истапувањето на земјата од Европската унија.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9,35 часот беше во плус од 0,5 отсто, зајакнувајќи втор ден со ред. Притоа лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,10 отсто, на 6.901 поен, додека франкфуртскиот индекс DAX порасна за 0,35 отсто, на 10.929 поени, а парискиот CAC индекс скокна за 0,45 отсто, на 4.807 индексни поени.

Повеќето најголеми европски берзи и сектори утрово се во позитивниот биланс, а во фокусот е политичката сцена во Лондон откако во вторникот ноќта тамошниот парламент со убедливо мнозинство го отфрли планот кој премиерката Тереза Меј 17 месеци го договараше со Брисел.

Тоа ја поткрепува политичката неизвесност којашто може да доведе до неуредено истапување на Обединетото Кралство од Европската унија, па дури и до повлекување на референдумската одлука за ова од јуни 2016-та. Покрај тоа, во средата во британскиот парламент ќе гласа за доверба на владатата.

„Резултатот со кој Меј е поразена по прашањето за планот за брегзитот и повикот на гласањето за довербата на владата ќе влијае краткоречно на пазарите“, вели за Reuters, Стефани Кели, економистка во компанијата „Aberdeen Standard Investments“.

Поддршката на пазарите им дава, пак, вчерашниот силен раст на берзанските индекси на Волстрит.

А на азиските берзи утрово се тргува претпазливо, па MSCI индекосот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9.35 часот беше во плус 0,1 отсто. На Токиската берза, пак, индексот Nikkei се лизна за 0,55 отсто, на 20.442 поени.