На европските берзи во петокот во претпладневното тргување повеќето од најважните берзански индекси беа во благ минус и со тоа на пат да остварат седмични загуби, најмногу под притисок на падот на цените на акциите во автомобилскиот сектор.
Паневропскиот индекс Stoxx 600 беше намален за 0,3 отсто во првиот пресек на трговскиот дени е на пат да изгуби повеќе од еден отсто од почетокот на седмицата. Ова е негова прва седмична загуба по три позитивни семици и е последица на очекувањата дека американската централна банка (Fed) ќе ги намали каматните стапки со побавно темпо и неизвесноста пред претстојните претседателски избори во САД.
Истовремено, франкфуртски DAX падна за 0,05 отсто, на 19.433 поени, а париски CAC за 0,14 отсто, на 7.492 поени, додека лондонскиот Ftse индекс стагнира на 8.268 поени.
Најмногу во минус беше автомобилскиот сектор, во просек за 0,3 отсто. Во исто време, цената на акцијата на „Mercedes Benz“ падна за 3,7 отсто. Германскиот производител на автомобили објави пад од 64 отсто на оперативната добивка во третиот квартал на 1,19 милијарди евра, наведувајќи ги „послабите макроекономски услови и жестоката конкуренција, главно во Азија“.
Акциите на „Vale“, исто така, претрпеа значителна загуба, пад од 7,5 отсто, откако добавувачот на автоделови ја намали својата годишна прогноза за продажба по втор пат оваа година.
Позначително падна и цената на производителот на алкохол „Remy Contreau“, за три отсто, поради падот на продажбата во третиот квартал, повеќе од очекуваното.