
Европските берзански индекси во средата претпладне трет ден по ред беа во минус, бидејќи инвеститорите беа обесхрабрени од вчерашниот остар пад на цените на акциите на најголемата светска берза.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9,30 часот беше во минус од 0,5 отсто, слабеејќи трет ден по ред. Утринава лондонскиот FTSE индекс загуби 0,38 отсто, на 7.440 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,71 отсто, на 14.978 поени, а париски CAC 0,54 отсто, на 6.959 поени.
Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше намален за повеќе од 1 процент во 9,30 часот и се лизна на новото 11-месечен минимум. На берзата во Токио утрово индексот Nikkei се лизна за 2,2 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,8 и 2,4 отсто. Кинеските берзи се затворени во текот на празнувањето на Златната недела.
Така, европските и азиските берзи го следат вчерашниот остар пад на Волстрит, кога Dow Jones се лизна за 1,29 отсто, додека S&P 500 потона за 1,37 отсто, а Nasdaq индексот 1,87 отсто. Падот на S&P 500 на најниско ниво од 1-ви јуни и на Dow Jones и Nasdaq од крајот на мај следеше по извештајот кој покажа дека отворените работни места во САД силно се зголемија во август, повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.