Европските берзи забележаа благ пад втор ден по ред, внимателно тргување на азиските

На европските берзи во вторник претпладнето се тргуваше претпазливо, а цените на акциите беа малку пониски, додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да ги насочат пазарите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот претпладневен пресек беше во минус од 0,2 отсто, слабеејќи втор ден по ред. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,28 отсто, на 7.439 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,12 отсто, на 15.947 поени, а париски CAC 0,35 отсто, на 7.240 поени.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, порасна за 0,3 отсто во истиот дневвен пресек, враќајќи дел од вчерашните загуби. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг паднаа за околу 1 отсто. Во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1,1 отсто.

На пазарите преовладува претпазливост бидејќи економските вести од регионот не се многу импресивни, а на инвеститорите им недостигаат стимулации и од Волстрит, каде што последните денови тргувањето, исто така, беше претпазливо. Вчера Dow Jones загуби 0,16 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,20 отсто, а Nasdaq индексот загуби 0,07 отсто.

Во поголемиот дел од ноември овие индекси забележаа силен раст, бидејќи поради слабеењето на инфлацијата во САД на пазарот преовладуваше тезата дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки. Дополнително, и покрај наглото зголемување на каматните стапки на Fed во текот на изминатата година и половина, најголемата светска економија најверојатно ќе избегне рецесија.започна со „црн петок“ и продолжи со „Сајбер понеделник“.

Овие тези со недели го поддржуваа растот на цените на акциите, но во последните денови тргувањето беше повнимателно, а индексите стагнираат.

„Пазарот реши да здивне по силниот раст на цените на акциите во ноември. Оваа недела, инвеститорите ќе се фокусираат на податоците за инфлацијата, втората проценка на американскиот бруто-домашен производ, вестите за потрошувачката и коментарите на шефот на Fed“, коментира Том Хејнлин, стратег во „U.S. Bank Wealth Management“.

Во наредните денови најголем дел од податоците за потрошувачката ќе се следат на почетокот на празничната „шопинг“ сезона, која започна на „црниот петок“, а продолжи и на „сајбер понеделникот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.