Цените на акциите благо пораснаа на европските и на азиските берзи во понеделник претпладнето, а тргувањето е претпазливо бидејќи оваа седмица ќе се одржат состаноците на челниците на многу централните банки на важните светски еко, од американската Fed до британската и јапонската.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,1 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,05 отсто, на 7.730 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,20 отсто, на 17.970 поени, а париски CAC за 0,11 отсто, на 8.175 поени.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во ситиот период од тргувањето како и во Европа порасна за 0,5 отсто, откако минатата седмица падна за 0,7 отсто. Птетпладнево на токиската берза индексот Nikkei скокна за 2,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1 отсто.
Инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните показатели од кинеската економија, кои укажуваа на забрзување на закрепнувањето. Потрошувачката во трговијата на мало е зголемена во првите два месеци од годинава за 5,5 отсто на годишна основа, додека индустриското производство зајакна за 7 отсто. Капиталните инвестиции, како и инвестициите во инфраструктурата, се зголемени повеќе од очекуваното, додека податоците од пазарот на недвижности се сè уште слаби.
Во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе бидат седниците на низа централни банки, од американската (Fdederal Reserve – Fed), преку британската, швајцарската и норвешката до австралиската и јапонската централна банка. Се очекува повеќето да ги остават политиките и каматните стапки непроменети, додека Јапонија се очекува да стави крај на негативните каматни стапки, што ќе го означи крајот на седумгодишниот период на евтини пари.
Сепак, пораките на Fed би можеле најмногу да влијаат на пазарите. Се очекува челниците на централната банка на седницата да ги остават каматните стапки непроменети. А бидејќи инфлацијата остана покачена во последните два месеца, сè помалку е веројатно дека Fed ќе ги намали каматните стапки во јуни.
Пред десет дена пазарот на пари процени дека има 70 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки во јуни, но по зајакнувањето на инфлацијата во февруари, овие шанси сега паднаа под 60 отсто.