Цените на акциите пораснаа на европските берзи во вторникот во претпладневното тргување, следејќи го на тој начин вчерашната насока на Волстрит и покрај политичката криза во Франција.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за речиси 0,2 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,34 отсто, на 8.340 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,19 отсто, на 19.970 поени, а париски CAC за 0,52 отсто, на 7.275 поени.
Така европските индекси го следи вчерашниот подем на Волстрит и покрај политичката криза во Франција околу предлогот за државниот буџет, што може да предизвика пад на владата.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции во истиот момент од тргувањето како и во Европа порасна за 0,7 отсто, добивајќи сила втор ден по ред. Истовремено, индексот Nikkei скокна за 1,9 отсто на Токиската берза, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,4 и 1,9 отсто.
Додека се чекаат нови економски вести кои би можеле да влијаат на пазарите, берзите го следат вчерашниот раст на Волстрит. Додуша, Dow Jones ослабе за 0,29 отсто, но S&P 500 порасна за 0,24 отсто, а индексот Nasdaq за 0,97 отсто.
Новите рекорди за S&P 500 и Nasdaq индексите беа поттикнати главно од приближно еднопроцентното зголемување на цените на акциите во технолошкиот и комуникацискиот сектор. За толку пораснаа цените на акциите и во трговскиот сектор, а паднаа сите останати најважни сектори.
Тргувањето беше мирно бидејќи немаше нови вести за управување на пазарот, по силниот раст на цените на акциите во ноември, кога еуфоријата беше предизвикана од победата на Доналд Трамп на претседателските избори.