Европските и азиските инвеститори претпазливи на крајот од седмицата

На европските и азиските берзи во петокот претпладнето се тргува внимателно, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите и економските показатели.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладнето порасна за 0,1 отсто, така што е на пат кон благи седмични добивки. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,02 отсто, на 7.597 поени, а франкфуртски DAX за 0,04 отсто, на 16.970 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,16 отсто, на 7.650 поени.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше речиси непроменет во истиот период од тргувањето како и на европските пазари, додека на седмично ниво е во плус 0,7 отсто. Истовремено, индексот Nikkei порасна за 0,1 отсто на берзата во Токио, а благо пораснаа и цените на акциите во Австралија. Во Шангај, Тајван и Јужна Кореја денеска не се работа поради почетокот на прославата на кинеската Нова година.

Во Хонгконг, во скратеното тргување пред празникот, цените на акциите паднаа за 0,8 отсто. Во цела оваа седмица пораснаа за 1,4 отсто, додека во цела претходната година на „зајакот“ забележа загуба од 28 отсто. Тоа е последица на кризата на пазарот на недвижности и побавното од очекуваното закрепнување на кинеската економија од корона кризата.