Европските индекси паднаа на најниско ниво во две седмици, остар пад и на азиските берзи

Паневропскиот индекс Stoxx 600 беше во минус за еден процент во првиот дневен пресек на трргувањето, при што паднаа сите сектори на акции, освен нафтата и гасот. Најголеми губитници се акциите на туристичките компании во просек по 2 отсто и финансиските услуги за 1,5 отсто.

Истовремено, лондонски Ftse индекс се намали за 0,98 отсто, на 7.897 поени, франкфуртски DAX се намали за 1,25 отсто, на 18.174 поени, а париски CAC за 1,32 отсто, на 8.043 поени.

Инвеститорите денеска ќе добијат нови насоки со новите макроекономски показатели на еорзоната, поврзани со градежништвото и малопродажбата, како и податоците за цените на куќите во Обединетото Кралство. Генерално, тие се на стража поради најновите изјави на некои претставници на аамериканскаа централна банка Fed за изгледите за намалување на каматните стапки, што ја поттикна загриженоста дека можеби нема да има никакво олеснување на монетарната политика оваа година.

На азиските пазари во петокот, главните индекси остро паднаа, предводени од јапонскиот Nikkei, поради најновите внимателни изјави на некои претставници на американската централна банка (Fed) за изгледите за намалување на каматните стапки што ја поттикна загриженоста на инвеститорите дека ова година можеби нема да има олабавување на монетарната политика.
с
Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI беше намален за 0,5 отсто, следејќи ги острите загуби на Волстрит во текот на ноќта. Индексот Nikkei на берзата во Токио падна за 1,83 отсто, под притисок од растот на јенот по изгледот дека јапонските власти ќе ги зголемат каматните стапки. Генерално, тргувањето со акции во Азија беше слабо поради одморот во Кина.

Израел се подготвуваше за можен одмазднички ирански напад во четвртокот по бомбардирањето на конзуларниот објект на Иран во кој загинаа ирнаски генерали во Дамаск оваа седмица, при што премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека земјата ќе му наштети на „секој што ни нанесува штета или планира да ни наштети“. Во подоцнежниот разговор со Нетанјаху, американскиот претседател Џо Бајден се закани дека ќе ја услови својата поддршка за израелската офанзива во Газа со тоа што Израел ќе преземе чекори за заштита на хуманитарните работници и цивилите.

„Во атмисферата владее малку нервоза, на што недоволно ѝ помага скокот на цената на нафтата поради зголемувањето на тензиите меѓу Израел и Иран. Се зголемува ризикот од ескалација на конфликтот на Блискиот исток“, вели Родриго Катрил, виш девизен стратег во „National Australia Bank“.