Европските индекси под притисок од војната на Блискиот исток

Европските берзи паднаа во понеделникот во претпалдневното тргување додека инвеститорите го проценуваа влијанието на геополитичките превирања на Блискиот исток откако палестинската милитантна група Хамас во саботата изврши голем напад врз Израел.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 околу 9,30 часот беше во минус од 0,35 отсто, а најмногу паднаа цените на акциите на хемиските и туристичките компании, во просек по 1,5 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX потона за 0,82 отсто, на 15.106 поени, париски CAC за 0,83 отсто, на 7.001 поен, а лондонски Ftse за 0,08 отсто, на 7.488 поени.

Сепак, цените на нафтата и гасот скокнаа за 2,2 отсто поддржани од растот на цената на суровата нафта.

Повеќе од илајда луѓе се убиени досега во конфликтот меѓу милитантите на Хамас и израелските сили, кој започна во саботата. Како резултат на тоа, цената на нафтата скокна за 4 отсто, а фјучерсите во САД паднаа, бидејќи насилството го зголеми геополитичкиот ризик на и онака кревките пазари кои се борат со закоравената инфлација и зголемените каматни стапки.

Меѓу најголемите губитници беа акциите на авиокомпаниите, вклучувајќи ги главните IAG, сопственик на „British Airways“, „Air France KLM“ и „Lufthansa“, кои паднаа меѓу 2,7 и 4,8 отсто поради загриженоста за високите трошоци за гориво.

Сепак, цените на акциите на европските компании од воено-индустрискиот сектори како што е германски „Rheinmetall“ пораснаа за 7,2 отсто, поради изгледите дека конфликтот на Блискиот исток би можел да трае одредено време.