Берзанските индекси благо паднаа на европските берзи во четвртокот претпладнето, бидејќи кварталните деловни резултати на компаниите не поддржуваат натамошен раст на цените на акциите откако вчера достигнаа рекордни нивоа.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто во првиот дневен пресек од трговскиот ден. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,26 отсто, на 8.425 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,03 отсто, на 18.866 поени, а париски CAC 0,17 отсто, на 8.225 поени.
Откако вчера индексите достигнаа рекордни нивоа, претпладнево на берзите се тргува внимателно, бидејќи деловните резултати на компаниите не се многу импресивни. Цените на акциите во технолошкиот сектор пораснаа во просек за 0,5 отсто, додека оние во автомобилскиот сектор паднаа за речиси 1 отсто.
А на азиските берзи цените на акциите пораснаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот период од тргувањето како и во Европа, порасна за 1,4 отсто и достигна ново 15-месечен максимум. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 1,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 1,7 отсто.
Претпладнево беше објавено дека јапонскиот бруто домашен производ (БДП) паднал за 2 отсто на годишно ниво во првиот квартал, повеќе од очекуваното. И покрај ова, индексот Nikkei орасна за повеќе од 1 процент.
Пораснаа и цените на акциите на кинеските берзи и покрај вчерашните вести дека САД ќе ги зголемат царините за увоз на голем број кинески производи.
Така, азиските берзи го следат растот на Волстрит вчера, кога сите најважни индекси достигнаа рекордни нивоа. Dow Jones зајакна 0,88 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,17 отсто, а Nasdaq индексот 1,40 отсто.
Новите рекордни нивоа на индексите на најголемата светска берза во голема мера беа поттикнати од добивките на технолошките акции, откако податоците за потрошувачките цени во САД беа малку подобри од очекуваното, што значи дека инфлацијата не се зголеми во април по три месеци добивки.