На европските берзи се тргуваше претпазливо во средата претпладнето, бидејќи немаше вести за зајакнување на пазарите веднаш по божикниот продолжен викенд, со благ пораст на повеќето индекси благодарение главно на добивките на технолошките акции.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек на тргувњето порасна за 0,1 отсто. Во моментов е зголемен за повеќе од 12 проценти во споредба со почетокот на годината и се движи недалеку од рекордното ниво постигнато во ноември 2021 година.
Претпладнево лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,18 отсто, на 7.710 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,05 отсто, на 16.715 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,03 отсто, на 7.565 поени.
Најмногу во раното тргување во Европа поскапеа цените на акциите во технолошкиот сектор, во просек за 0,6 отсто.
И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот дневен пресек беше плус околу 1 процент, така што е на пат кон добивка од околу 2,5 проценти оваа година.
Претладнево на Токиската берза индексот Nikkei порасна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,4 и 1,7 отсто.
Азиските инвеститори се охрабрени од вчерашниот раст на Волстрит. По продолжениот празничен викенд, Dow Jones зајакна 0,43 отсто, додека S&P 500 зајакна 0,42 отсто, а Nasdaq индексот за 0,54 отсто. Тала, по осум последователни седмици раст, Dow Jones достигна рекордно високо ниво, додека S&P 500 се искачи за помалку од 1 процент од рекордното високо ниво.
Обемот на тргување вчера беше слаб, бидејќи многу инвеститори се отсутни поради божикните празници, а вакво тргување се очекува и во наредните денови.
Порастот на њујоршките индекси влезе во својата деветта седмица, бидејќи сите најнови податоци покажаа дека растот на американската економија забавува, а инфлацијата постепено се намалува. Благодарение на тоа, американската централна банка најверојатно го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, па следната година ќе следи намалување на каматите.
И додека челниците на Fed проценуваат дека следната година трипати ќе ги намалат каматните стапки, најверојатно за 0,25 процентни поени, на пазарот се шпекулира дека следната година каматните стапки може да се намалат шест пати, почнувајќи од март. Пазарите на пари проценуваат дека има повеќе од 70 отсто шанси Fed да започне со намалување на каматните стапки во март. Сепак, ова се само проценки, а понатамошните реални економски показатели ќе зависат од тоа што ќе направи Fed.