На европските берзи во петок претпладнето се тргува претпазливо, а индексите стагнираат бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред американскиот извештај за вработувањата, што може да има значително влијание на пазарите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден и е на пат кон неделна загуба. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,25 отсто, на 8.260 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,23 отсто, на 18.970 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 7.470 поени.
И повеќето азиски берзи тргуваат претпазливо. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истито пресек од тргувањето како и во Европа порасна за 0,1 отсто. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонгконг пораснаа меѓу 0,3 и 1,9 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за 0,7 отсто.
На берзите владее претпазливост, исто како и вчера на Волстрит, кога берзанските индекси благо паднаа. Инвеститорите се претпазливи од ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток меѓу Израел и Иран и објавувањето на септемврискиот извештај за вработување на американската влада во петок, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.
Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека бројот на вработените се зголемил за 140 илјади, а стапката на невработеност останала непроменета на 4,2 отсто.
Доколку податоците се повисоки од очекуваното, тоа би значело дека состојбата на пазарот на трудот е подобра од проценетата и затоа централната банка нема причина дополнително да ги намалува каматните стапки. Доколку, пак, податоците се послаби од очекуваното, ќе зајакнат шпекулациите за нагло намалување на каматните стапки од страна на Fed во ноември.