Европските инвеститори претпазливи, индексите во благ пад

На европските берзи во понеелникот претпладнето се тргува претпазливо, при што индексите се благо намалени а нема вести пред божикните празници коишто би можело значително да влијаат врз насоката на пазарите.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто во претпладневнито преск од тргувањето. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,18 отсто, на 8.070 поени, додека франкфуртски DAX ослабе 0,16 отсто, на 19.850 поени, а париски CAC 0,20 отсто, на 7.259 поени.

А на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,4 отсто во истиот пресек од тргувањето како и во Европа, откако минатата седмица потона за околу 3 отсто.

Претпладнево на токиската берза индексот Nikkei порасна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,8 и 1,7 отсто. Во Шангај, пак, паднаа за околу 0,5 отсто.

Растот на повеќето индекси главно се должи на корекцијата на цените на акциите по минатонеделниот остар пад. Така, азиските берзи го следат растот на берзанските индекси на Волстрит во петокот.

Пазарите беа поддржани од договорот во последен момент во американскиот Конгрес во петокот околу финансирањето на државните служби, со што се избегна „затворањето“ на некои од тие служби, што би ѝ наштетило на економијата.