![guy verhofstadt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/guy-verhofstadt.jpg?resize=620%2C349&ssl=1)
Девет месеци пред одржувањето на изборите за Европскиот паралмент, либералите најавуваат дека ќе формираат сојуз со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон за да дадат потпор на растечкиот суверенизам и национализам во Европската унија.
Шефот на пратеничката група на либералите (ALDE) во Европскиот парламент, поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад ијави во интервју за весниот Ouest-France дека либералите по изборите за Европскиот парламент во мај следната година ќе формираат пратеничка група за пратениците на партијата Републиката во движње (LREM), на францускиот претседател Емануел Макрон којашто првпат ќе учествува на европските избори а се дефинира во центарот од политичкиот спектар.
„Тоа ќе биде нешто ново, ново движење, проеврпска алтернатива на националистите… Секоја партија ќе ги задржи своите симболи, но ќе создадеме пошироко движење. Целта е да се создаде одлучувачка група во идниот состав на Европскиот парламент, алатка за запирање на националистичкиот бран“, вели Верхофштад кој се зазема и за заедничка изборна кампањa.
Францускиот претседател Макрон, кој се обидува секаде во земјите членки на ЕУ да собере истомисленици, сé уште не се изјасни за оваа понуда. Меѓутоа, лидерот на LREM, Кристоф Кастанер, изјавил за агенцијата Reuters дека „не се подготвени за сојуз“.
Макрон и Кастанер последните денови се во обиколка на земјите од ЕУ обидувајќи се да создаде нова проевропска платформа за претстојните избори. Макрон се прогласи за главен противник на „националистичко-популистичкиот блок“, како што пежоративно неолибералите ги нарекуваат европските суверенисти, кој го предводат Италија и Унгарија
Во овој состав на Европскиот парламент, ALDE има 68 пратеници, а доколку склучи сојуз со LREM се претпоставува дека таа бројка може да се качи на повеќе од стотина пратеници.
Во истото интервју Верхофштад е критичен и во однос на концептот на ткн „шпиценкандидатите“ според кој секоја политичка група која конкурира на изборите за Европскиот парламент истакнува свој кандидат за претседател на Европската комисија, а избран е оној чијашто политичка група добила најмногу гласови.
„Тоа е систем во кој госпоѓата (германката канцеларка Ангела) Меркел одлучува кој ќе биде следниот претседател на Европската комисија“, вели Верхофштад.
Верхофштад, кој и самиот беше шпиценкандидат на изборите во 2014 година, вели дека неговата пратеничка група во почетокот го поддржувала овој концепт, но дека сега се многу критични. Вели дека споменатиот концепт би имал демократско оправдување само доколку се формирараат транснационални листи, кои би се натпреварувале во целата ЕУ, како една изборна единица.
Поранешниот белигски премиер се декларира како европски федералист, кој се замзе а за укинува на едногласното одлучување во ЕУ по прашањето на одбрабата, безбедноста и надворешните работи.