Министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус изјавил дека санкциите на Европската унија против Русија, можат да стапат во сила уште оваа недела, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Министерот појаснил дека станува збор за замрзнување на имотот и поништување на визите на руски и украински државјани. Фабиус дополнил дека мерките може да бидат одложени ако Москва покаже стремеж кон нормализирање на ситуацијата во Украина.