Европските складишта за гас ќе се наполнат до зимата, но за 10 пати повисока цена

Европските земји ќе успеат да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата како што е планирано, но трошоците ќе им изнесуваат повеќе од 50 милијарди евра или десет пати повеќе од просечните трошоци за полнење од претходните години.

Европските влади стравуваат дека намалувањето на руското снабдување преку главниот гасовод – Северен тек 1 – ќе предизвика големи проблеми за Германија и другите земји, во нивните напори да ги наполнат подземните складишта за гас. Сепак, се чини дека Германците успеваат да ги пополнат со комбинирање на намалување на побарувачката, преминување на некои електрани на јаглен и зголемување на увозот на течен природен гас (LNG).

Просечното ниво на искористеност на европските складишта за гас минатата недела беше 70,5%, според податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Европската унија планира до 1 ноември да има капацитет од 80 отсто за да обезбеди резерви за зимските месеци на најголема побарувачка. ЕУ, исто така, постави привремени цели за секоја земја и за секој месец.

Германија, која е најтешко погодена од намалениот проток на гас од Русија, е поамбициозна и има намера да наполни 95% од складиштата до ноември. Тоа е помогнато од зголемениот увоз на ЛНГ. Се проценува дека ЕУ увезла 21,4 милиони тони ЛНГ во првата половина од годината. Лани во истиот период увезла 8,2 милиони тони.

Во јуни, за првпат во историјата, придонесот на американскиот ЛНГ во снабдувањето со гас во Европа беше поголем од гасот од Русија.
Иако Европа е на добар пат да ги исполни целите за капацитет за складирање гас, аналитичарите предупредуваат дека нејзината зависност од рускиот гас е далеку од завршена и дека Европа останува зависна од тоа колку студена ќе биде зимата и колку руски гас ќе тече во Европа напролет. Неизвесноста во двата случаја веројатно ќе ги задржи цените високи дури и ако залихите продолжат да растат во текот на следните месеци.

Аналитичарите и индустриските експерти предупредуваат дека полнењето на складиштата до целните нивоа би било невозможно доколку Русија целосно го прекине снабдувањето на Германија преку гасоводот Северен тек 1. помогна да се купи гас додека цените достигнаа рекордни.

Цената на гасот во холандскиот центар ТТФ, кој е репер за Европа, од почетокот на годината е речиси тројно зголемена поради забавувањето на испораката на руски гас преку Северен тек 1 и тесниот светски пазар. Ова е причината зошто купувањето гас на големо е скапо.

Се смета дека хипотетичката замена на Северен тек 1 во текот на зимата со гас од други извори, а врз основа на идните цени на ТТФ за зимската сезона, би ја чинела Европа повеќе од 50 милијарди евра, околу 10 пати повеќе од просечната цена во изминатите години.