Европските трговци со природен гас започнале да го складираат енергенсот во Украина за да ги искористат пониските цели и тамошните расположливи капацитети и покрај воената опасност, пренесува Reuters повикувајќи се на трговци и компании.
По почетокот на руската инвазија во Украина која започна кон крајот на ланскиот февруари, Европската унија од земјите членки побара високи нивоа на пополнетост на складиштата на гасот за да ги надоместат на минимум намалените руски испораки поради саботажите на гасоводите и западните санкции, особено во текот на зимските месеци кога побарувачата на енергенсот е и најголема.
Се очекува дека ЕУ до 1-ви ноември ќе ја постигне целта на пополнетост на објектите за складирање на гасот до 90 отсто. Истовремено, трговците велат дека постои комерцијална логика за складирање на гасот и во Украина, освен во ЕУ, за да се искористат пониските трошоци.
Чешката енергетска групација EPH соопшти дека одлуката за користење на украинските складишта ја потврдува довербата во оваа земја.
„EPH Commodities транспортираше природен гас во Украија и користи украински складишта за гас. Веруваме во сигурноста на украинските системи за транспорт и складирање гас, кои се покажаа сигурни дури и во така несразмено тешка воена ситуација“, изјавил менаџерот во EPH, Миослав Хаско, но не открива за кој обем на складирањето станува збор.
Според платформата за GIE, складиштата за гас во земјите во Европската унија на 7-ми август биле полни до 87 отсто.
„Забележан е позитивен тренд во точењето на гасот на странските трговци во нашите објекти“, изјавиле од украински „Укртрансгаз“, дел од енергетската корпорација „Нафтогаз“.
Од „Нафтогаз“ објавија дека странските закупувачи би можеле да користат простор за складирање повеќе од 10 милијарди кубни метри од вкупно таков простор со обем околу 30 милијарди кубни метри во земјата, главно на западот на Украина и далеку од линијата на фронтот.
Словачката државна компанија SPP, кој го снабдува поголемиот дел од словачкиот пазар, делумно и со руски гас, одговорила дека ја разгледува можноста за користење на украинските складишта, бидејќи пополнетоста на складишните простори е веќе над 90 отсто.
„Ја сметаме дека складирањето на гасот во Украина како една од поинтересните деловни можности коишто во моментов ги разгледуваме“, изјавиле за Reuters од SPP.
Други европски трговци предупредуваат дека постојат ризици од можни воени напади или прашање за тоа што ќе се случи со мрежата доколку Русија престане да го пумпа гасот кој и натаму на Западот му го испраќа преку Украина.
„Замислете добро насочен проектил да ја погоди компресорската станица или некоја друга инфраструктура. Мора да го земете предвид овој ризик“, вели Мартин Пиш од чешката компанија MND.
Додал дека моменталниот распон на обемот можеби не е голем, но дека би можел да се зголеми доколку цените паднат на физичкиот (спот) пазар.
Консултантската куќа „Bruegel“ во јули објави дека Украиан би можела да ги зголеми европските капацитети за складирање за околу 10 отсто.