
Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години-СКОПЈЕ денска завршува на кајак патеката во Спортско рекреативниот центар Матка.Денеска и официјално ќе им бидат доделени наградите на најдобрите.
На завршниот ден на Матка владее одлична атмосфера, настанот предизвика голем интерес кај посетителите.Меѓу нив можеше да се забележи и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
На Европското првенство учествуваа вкупно 400 натпреварувачи од околу 30 земји, а македонската репрезентација имаше седум натпреварувачи, меѓу кои шест мажи и едно девојче.
Позначајни спортисти-кајкари кои беа дел од ова Европско првенство се Прскавец (Чешка) – актуелен Европски шампион, Брус Симон (Словенија) –Европски јуниорски првак во 2011 година, Џовани де Џенаро (Италија) третопласиран на ЕП и СП во 2013 год., Лука Бозиќ (Словенија) третопласиран на Светскиот куп, второ коло во 2014 год.
Домаќин беше Кајакарската федерација на Македонија.