Европското разузнавање ја обвинува Русија дека се обидува да влијае врз изборите за ЕП

Разузнавачките служби во Европската унија ги следат наводноте руски настојувања за влијание преку социјалните мрежи врз изборите за Европскиот парламент кои започнуваат на 23-ти мај, се наведува во извештајот кој го имала на увид германската новинска агенција DPA.

Настојувањата, кои според извештајот вклучува користење социјални мрежи и телевизиската мрежа Russia Today, се ска да се поддржат партиите кои се пријателски кон Русија, а во Европската унија се сметаат за спорни партии кои според анкетите може да им одземаг многу гласови на етаблираните партии од левицата и од десницата.

Според разунавачките извештаи, целната група на руските обиди се младите луѓе. Во некои случаи целта е само да станат сомничави во важноста на Европскиот парламент и да се намали одѕивот на изборите кои ќе се одржуваат од 23-ти до 26-ти мај.

Агентите на разузнавачките служби истакнуваат дека наводните руски напори биле помалку видливи отколку во текот на американската претседателска кампања во 2016 година или претседателските избори во Франција во мај 2017 година.

Русија е обвинета но без докази дека ја хакирала електронската пошта на челниците на Демократската партија, што изнесе на виделина непријатни созанија за фаворизирањето на кандидатката Хилари Клинтон пред нејзиниот партиски ривал Берни Сандерс. Во Франција, пак, е обвинета дека ја поддржувала канмдидатката од крајната десница Марин Лепен, но немаше наводи како тоа го правела. Москва и во двата сличаи категорично ги отфрла обвинувањата.

„Русија не најстојува да влијае врз европските извори, ниту има намера тоа да го прави на некои други избори“, рекол за DPA, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.