Европското здружение за заштита на потрошувачите пријави 17 авиокомпании

Европската кровна асоцијација за заштита на потрошувачите (BEUC) објави дека пријавила 17 авиокомпании до Европската комисија, предупредувајќи дека тие ги доведуваат во заблуда патниците со маркетиншки пораки за намаленото влијание на летовите врз животната средина.

Во јуни минатата година, здружението се пожали во Брисел дека 17 европски авиокомпании изнесуваат неточни тврдења за влијанието на летовите врз животната средина во нивните маркетинг пораки, што ги прекршува европските регулативи за нефер комерцијални практики.

Претходно во текот на седмицата, Европската комисија објави дека започнала истрага со белгиските, холандските, норвешките и шпанските регулатори за да се утврди дали 20 авиокомпании ги мамеле патниците со неосновани тврдења за намалување на влијанието на летовите врз животната средина. Портпаролот на Комисијата не сакаше да прецизира кои авиокомпании се под лупа со образложение дека проверката е само во прелиминарна фаза.

Европската асоцијација на потрошувачи во истиот ден во соопштението наведе дека пријавила во Брисел ги пријавила „Air Baltic“, „Air Dolomiti“, „Air France“, „Austrian“, „Brussels Airlines“, „Eurowings“, „Finnair“, KLM, „Lufthansa“, „Norwegian“, „Ryanair“, SAS, SWISS, TAP , „Volotea“, „Vueling“ и „Wizz Air“.

ПРијавата била поддржана и од здруженија на потрошувачи од Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Франција, Финска, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија, се вели во соопштението објавено. во вторник.

Франциската компанија „Air France“, нејзината холандска филијала KLM, „Norwegian“, „Lufthansa“ и членките на германската авиопревозничка групација „Brussels Airlines“, SWISS, „Austrian Airlines“, „Air Dolomiti“ и „Eurowings“ и „Norwegian“потврдија дека биле известени од Европската комисија за истрагата.

Португалскиот ТAP не потврди дека е под истрага, повикувајќи се на реакцијата на транспортната асоцијација А4Е, која во соопштение рече дека знае дека јасните информации за одржливоста се важни, истакнувајќи, сепак, дека регулативите во ЕУ во моментов „многу варираат од земја до земја и сѐ уште се во фаза на изработка“.

Другите превозници именувани од BEUC во соопштението не одговорија веднаш на барањето на Reuters за коментар за истрагата.

Списокот на BEUC вклучува помалку компании, а моментално не е јасно дали се совпаѓа со групата компании кои се под истрага на Комисијата.