Унгарската националистичка влада го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија во понеделникот, предизвикувајќи загриженост кај функционерите во ЕУ поради слоганот на Виктор Орбан „Направи ја Европа повторно голема“ преземен од поранешниот американски претседатл Доналд Трамп, согледуваните од нив негови наводни авторитарни тенденции и одржувањето врски со Русија и покрај војната во Украина.
Унгарија вети дека ќе биде „чесен посредник“ и покрај широко распространетата загриженост за она што критичарите го гледаат како авторитарна пријателска влада на Русија. Националистичкиот суверенистички премиер Виктор Орбан, кој преку надмоќни изборни победи ја води централната европска земја од 2010 година со цел да ја трансформира во „нелиберална демократија“, често се судира со Брисел за владеењето на правото и човековите права.
Тој е и единствениот челник во ЕУ кој одржува врски со Русија и покрај нејзината инвазија на Украина. Тој одби да испрати оружје во Киев и постојано ги критикуваше санкциите против Москва поради војната, предупредува дека во Брисел придонесуваат за ескалација на војната и подготовка за војна.
Минатата година, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција во која се истакнува „назадувањето“ на Унгарија во демократските вредности и се поставува прашањето како таа може „веродостојно“ да го преземе шестмесечното претседавање со блокот.
„Да се окупира Брисел“
Будимпешта инсистира дека е подготвена да ги преземе „должностите и одговорностите“ за управување со блокот од 27 земји.
„Ќе бидеме чесни посредници, ќе работиме лојално со сите земји-членки и институции“, рече унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока во средината на јуни кога ја презентираше програмата на претседателството. „Истовремено, ние веруваме дека Унгарија има силен мандат да спроведе силна европска политика. Нашата работа ќе ја одрази оваа визија за Европа“, додаде тој.
Програмскиот слоган на Унгарија „Да ја направиме Европа повторно голема“ – го повторува повикот на „добриот пријател“ на Орбан, поранешниот американски претседател Доналд Трамп – кој веќе предизвика бура во Брисел.
Откако Унгарија последен пат претседаваше со ЕУ во 2011 година, 61-годишниот Орбан овојпат е уште поборбен. Тој вети дека ќе го „окупира Брисел“ за време на кампањата за европските избори на почетокот на јуни, притоа засновајќи се на пробивот на десницата.
Но, додека крајно десничарските партии постигнаа напредок, партијата Фидес на Орбан во моментов се смета за изолирана, но всушност с уште трага пратеничка група во Европскиот парламент што ѝ одговара. Орбан во неделата објави дека сака да формира своја група, заедно со австриската крајно десничарска Партија на слободата (FPOe) и центристичката партија АNО на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш. Сè уште им требаат партии од најмалку четири други земји да им се придружат.
Минатата седмица Орбан не успеа да го поништи договорот за враќање на Урсула фон дер Лајен на чело на моќната Европска комисија и уште две други од центристичката алијанса за да заземат други главни функции. Во меѓувреме, фон дер Лајен ја одложи куртоазната посета на Будимпешта, првично планирана за почетокот на претседателството. Нов датум не е одреден.
Ограничени опции
Со цел да добие поддршка за унгарската програма, Орбан минатата седмица ги обиколи клучните европски метрополи. Меѓу седумте приоритети на земјата за нејзиното претседавање со ЕУ се запирање на „илегалната миграција“ и приближување на земјите од Западен Балкан „на чекор поблиску“ до членството во ЕУ.
Орбан може да го искористи претседателството за да ја постави агендата, но не може да постигне резултати без поддршка од Комисијата, изјави за AFP Даниел Хегедус, висок соработник во Германскиот Маршалов фонд. Тој, исто така, посочува дека унгарскиот премиер има ограничени можности да наруши нешто откако белгиското претседателство во заминување и институциите на ЕУ побрзаа да донесат важни одлуки.
Така, минатата седмица Европската унија усвои нов пакет санкции против Русија и официјално започна „историски“ пристапни преговори со Украина и Молдавија.
„Сите имаа за цел да ја намалат нестабилноста и на тој начин го стесниа просторот за маневрирање на унгарското претседателство“, рече Хегедуш. Но, може да се очекува повеќе „тролање на комуникацискиот фронт“, додаде тој.
Меѓу битките на Унгарија со Брисел, Будимпешта сака да ги ослободи милијардите евра од фондовите на ЕУ замрзнати поради прашања вклучувајќи ги правата на ЛГБТК, третманот на барателите на азил и јавните набавки.