Во првата полуфинална вечер, прва ќе настапи Финска, а потоа следуваат: Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.
Втората полуфинална вечер започнува со настапот со Летонија, по која следуваат: Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Македонија, Литванија, Австралија, Словенија, Романија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.
За редоследот на настапи во финалето ќе се одлучува по второто полуфинале. Првото полуфинале има 18 учесници, а ќе се одржи на 10. мај, додека 19. учесници од второто полуфинале ќе настапат на 12. мај. Големото финале ќе се одржи на 14. мај во Стокхолм.