Евростат: 57,5 отсто од македонското население не може да си дозволи годишен одмор

Речиси 29 отсто од жителите на земјите членки на Евроспкаа унија на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Во Македонија во 2018 година, за кога последно има податоци на Евростат, дури 57,5 отсто од населението не можело да си дозволи еднонеделен годишен одмор.

Во Европа, исто така, овој процент од 2010 година полека се намалува, кога 39 отсто од Европејците не можеле да си дозволат одмор.

Меѓу земјите членки на ЕУм Романија има највисок процент – 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година, по што следат жителите на Грција – 49 проценти, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти.

На другиот крај од скалата, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти.

Споредено со 2010 година, процентот на луѓе кои не може да си дозволат еднонеделен одмор надвор од својот дома секоја година бележи намалување во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Италија и Грција, каде е регистрирано зголемување од 4 и 3 проценти. Најголемо намалување е регистрирано во Летонија – 35 проценти, Малта – 30 проценти, Бугарија и Полска по 27 проценти