Еврото со рекордно најниска вредност во однос на албанскиот лек

Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот.

– Денеска едно евро се заменуваше за 107,4 денари, што е пад од 10 отсто од вредноста во период од една година. Во последните неколку месеци еврото загуби 3,5 отсто од вредноста во однос на лекот, а тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, јави Топ чанел.

Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека купувањата на имот од странски државјани лани достигнало највисоко историско ниво, достигнувајќи вредност од 291 милион евра, со годишен раст од 52 отсто. Според банката купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.