Евровизија 2016. ќе се одржува во Стокхолм

Евровизија 2016. ќе се одржува во Стокхолм

Шведскиот главен град Стокхолм е избран за домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2016 година, соопштија организаторите на манифестацијата.

За организација на Евросонгот конкурурале неколку шведски градови, но таа чест му припадна на главниот град на Шведска.

Натпреварот за Избор на песна за Евровизија 2016 ќе се одржи во салата „Ериксон Глоуб“, која може да собере меѓу 14 и 16 илјади гледачи. Во истата сала се одржа и Евросонгот во 2000. година.

Двете плуфинални вечери на следната Евровизија ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето на 14 мај.

Шведска стана домаќин на Еврооснгот во 2016 година, откако годинава на Изборот на песна на Евровизија во Виена победи шведскиот претставник Манс Зелмерлоу.