Пратениците на партијата Левица, Апасиев и Крмов, денес направија театар во Собранието во нивна режија и поддршка на претставници на владината коалиција, Талат Џафери и Горан Мисовски.
Коалицијата СДСМ-ДУИ-ЛЕВИЦА, по коалицијата во град Скопје, соработката очигледно ја продолжија во Собранието.
Исценираната расправа прерасна во комедија во која сакаат да направат инцидент од кој полза ќе имаат двете страни за подигнување на рејтингот.
Имено, пратеникот на Левица, Борислав Крмов го нападна заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски,.
Од говорницата, откако се обиде да ги образложи амандманите на Деловникот, Крмов, видно изнервиран почна да ги фрла хартиите од аманадманите кон Мисовски. Искрши и монитор.
Чудно е што Апасиев не реагираше вака за францускиот предлог, ниту за случајот Онкологија.
Се поставува прашањето каде во овие моменти беше обезбедувањето во Собранието? Дали не реагираше по нечија наредба или ги остави работите токму вака да се одвиваат испланирано?