Расте бројот на туристи кои го посетуваат главниот град, а особено се зголемува бројот на странци кои пројавиле желба да ја посетат метрополата, може да се констатира од извештаите на Државниот завод за статистика за периодот 2009-2013 година. Забележан е вкупен раст за околу 40.000 лица, а за исто толку се зголемиле и ноќевањата. Она што е интересно е дека од бројот на домашни и странски намерници кои престојуваат во земјава, на Скопје секогаш отпаѓа една четвртина. Ако лани во Македонија се регистрирани 701.794 туристи, 168.623 луѓе барем на еден ден го посетиле Скопје. Од нив дури 149.027 биле странци.
Надлежните од Градот Скопје наведуваат неколку причини за зголемениот интерес: „Скопје 2014“, евтините авионски летови, како и добрите критики од странските туроператори и туристички медиуми, пишува Дневник.
– Мора да се спомене и националната кујна и угостителските услуги и тие се барани -потенцираа од градското одделение за односи со јавност.
Целиот текст можете да го прочитате тука.