Евзони и натаму затворен, Дојран отворен само за патнички возила

евзони

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица,  нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.