„Евзони“ работи 24 часа, a со работа почнуваат премините „Дојран“ и „Меџитлија“

Најголемиот граничен премин за влез во Грција од Македонија „Евзони“, од денеска ќе работи 24 часам јавуваат грчките медиуми. До сега овој граничен премин работеше од 7 наутро до 23 часот навечер.

Исто така од денеска почнуваат со 24 часовна работа и другите два премини со нашиот јужен сосед, „Меџитлија“ и преминот „Ники“, како и „Дојрани“ кај „Дојран“.

Од 1 јули 24 часа ќе работат другите премини во Грција од другите земји: „Помахонас“, „Кастаниес“, „Кипои“, „Нимфаја“, „Орменејо“, „Кристалопиги“, „Какавија“, а од утре 24 часа ќе работи и преминот „Ексохи“.

Инаку утрово вистински хаос се случува на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна за влез во соседна Грција.

Според видео снимките се гледа како буквално има целосен застој за премин на македонската граница.

Инаку оваа гужва доаѓа и од самиот факт што нашите соседи ги олабавија правилата за влез во земјата неодамна.

Денеска границата за македонските граѓани ја отвори и соседна Бугарија, но засега таму нема гужва.